Search

Лечиќ по отфрлената пријава за силување: Даниела им нанесе непоправлива штета на сите вистински жртви на насилство

Српската актерка Даниела Штајнфелд се огласи вчера на Твитер откако Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли нејзината пријава за силување против актерот Бранислав Лечиќ.

– Наше е сега конечно да ги разбереме сите причини за молкот на жртвите кои се насекаде околу нас, а кои, ако ги прашате, би ги негирале сите трауми што ги доживеале или сè уште ги доживуваат, би ве лажеле во очи само за да не го доживеат тоа што јас го доживеав денеска, напиша Даниела на Твитер.

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд најпрво во својот документарец откри дека е жртва на силување, а потоа ги објави јавно тврдењата дека ја силувал „моќник од филмската индустрија“. Само неколку месеци подоцна, таа пријавила во полиција дека во 2012 година била силувана од постариот и далеку пославен колега – Лечиќ.

И Лечиќ и Стејфелдова беа испрашувани и дадоа изјави во март во врска со тврдењата на актерката. Лечиќ тогаш ги негираше обвинувањата, а беше и на детектор за лаги.

Лечиќ, пак, рече дека очекувал таков исход, иако не се чувствува како победник.

– Имено, штетата предизвикана на мене, на моето семејство и пријателите, никогаш и во никој случај не може да се надомести. Исто така, нанесена е непоправлива штета на сите вистински жртви на насилство во нашата земја и регионот. После ваквиот епилог, тие ќе имаат уште помалку храброст да се обратат до надлежните институции за помош, рече Лечиќ.

Обвинителство  ја отфрли кривичната пријава на Данијела Штајнфелд, поднесена против Бранислав Лечиќ, за сторено кривично дело силување, бидејќи нема основа за сомневање дека е сторено споменатото злосторство или друго кривично дело за кое се гони по службена должност, рекоа од обвинителството.

Според обвинителството, во текот на предистражната постапка биле извршени интервјуа со Даниел Штајнфелд и пријавениот Бранислав Лечиќ, добиена е копија од документарецот „Излечи ме“ од Даниела Штајнфелд, ЦД со оригинален глас на лицето од филм, медицинска документација за лекување на Штајнфелд и  беа спроведени интервјуа со бројни лица кои може да имаат индиректни информации за спорниот настан, имајќи предвид дека немало директни очевидци, а била ценета како и петицијата на актерката Мерима Исаковиќ, која беше доставена до Обвинителството.

По собирањето на потребните информации и добивањето на сите релевантни докази во предистражната постапка, кои обвинителството ги оцени и индивидуално и во врска едни со други, утврдено е дека нема правни докази со одреден степен на сомневање што би ги потврдило наводите.

Медиумите во иминативе месеци спроведоа истрага за случајот и утврдиле дека актерката, уште како малолетничка лажно обвинила за силување локален фотограф во селото каде живеела,  а спорно било што во нејзиниот документарен филм тврдела дека го пријавила силувањето во полиција, што не било случај. Таа пријавила силување, но на друг датум и лице кое не одговара на описот на Лечиќ.

Треба да знаете
Последни објави