Search

Во Мексико пронајден фосил од риба стар 95 милиони години

Фосил на риба за кој се претпоставува дека е стар над 95 милиони години, е пронајден во Мексико, поточно во провинцијата Чијапас, на југоистокот на земјата. Се претпоставува дека таа живеела на северноамериканскиот континент во времето на диносаурусите.

Научниците сметаат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.

– Рибата имала голем број боцки на грбот и анални перки. Ова е досега неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период со диносаурусите, велат истражувачите.

Клејтон Мањо Канталис, научник од Националниот автономен универзитет на Мексико, рече дека на овој вид на риба му е дадено името „Choichix alvaradoi” и според него потекнува од Мексико.

– Порано се веруваше дека рибите доаѓаат од Европа и се движат кон оваа област. Но, сега гледаме дека најстарата и прва риба живеела на овие простори, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави