Search

Шерон Стоун домаќин на гала-вечерта на АМФАР за борба против сидата

Глумицата Шерон Стоун ќе биде домаќин на 27-то издание на добротворната гала-вечер, организирана од американската фондација АМФАР за борба против сидата, во рамките на Канскиот филмски фестивал, објави „Варајети”.

Настанот, кој традиционално вклучува вечера, аукција и модна ревија, ќе се одржи на 16 јули во дворот на луксузната вила во Кап д’Антиб. Претседателот на жирито на престижниот филмски настан во францускиот град – режисерот Спајк Ли, ќе биде специјален гостин на свечената вечер. Меѓу гостите се и пејачката Алиша Кис, глумиците Анџела Басет, Мила Јовович, Никол Кидман, супермоделката Хајди Клум и други, иако бројот на гости годинава е ограничен поради анти-пандемиските мерки.

Секоја година, АМФАР собира средства за истражувања и поддршка во борбата против сидата за време на фестивалот, што се одржува на францускиот Азурен Брег.

Шерон Стоун е долгогодишна активистка на АМФАР и чест учесник во добротворните настани на организацијата. Наддавањето ќе понуди модни тоалети, уметнички дела и други луксузни нешта.

Треба да знаете
Последни објави