Search

Кетрин Зета-Џонс ужива во утринска гимнастика на јахта

Велшката глумица Кетрин Зета-Џонс, која е на самиот почеток од шестото десетлетие од својот живот објави видео од себеси како вежба во костим за капење и во одлична форма.

Таа вчера изведувала утринска гимнастика на јахтата. На видеоснимката, оскаровката носи црн костим за капење со целосно гол грб, додека ја покажува својата потемнета, исончана и добро обликувана фигура. Инаку, таа, со својот сопруг Мајкл Даглас, има две деца.

„Лесно како недела наутро”, напиша глумицата покрај видеото.

Само 2-3 дена претходно, таа објави неколку заеднички слики со Даглас, се чини – од истиот одмор.

Кетрин Зета-Џонс годинава е актуелна со ТВ-серијата „Блудниот син” (Prodigal Son).

Треба да знаете
Последни објави