Search

Хероините од „Сексот и градот“ повторно прошетаа низ улиците на Њујорк

По шест сезони и два филма, култната серија „Сексот и градот“  се враќа на малите екрани.

Новата верзија на серијата насловена „And Just Like That“ официјално започна со снимање, а нејзините главни ликови, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, се појавија на снимањето на серијата на улиците на Њујорк.

Сара Џесика Паркер (56) ќе ја отелотвори колумнистката Кери Бредшо, Синтија Никсон (55) ја игра адвокатката Миранда Хобс и Кристин Дејвис (55) вечната романтичарка Шарлот Јорк.

Серијата со десет епизоди ќе се емитува на HBO Max, која ги објави првите фотографии од снимањето, а сликите ги споделија и главните актерки.

На триото, како што е веќе познато, нема да се придружи актерката Ким Катрал, која го толкуваше ликот на неповторливата Саманта Џонс.

Новите продолженија без Ким Катрал ќе дадат нов увид во животот на главните протагонисти на серијата кои денес се во средината на 50-тите години од својот живот, обидувајќи се да навигираат помеѓу семејните и деловните обврски.

Треба да знаете
Последни објави