Search

(Видео) Тамара Тодевска со нова песна „Порок“

Tамара Тодевска на Јутјуб каналот на „Урбан Рекордс“ ја промовираше новата песна и видео записот за „Порок“. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.

Спотот го изработиле Били Д и Гордан Божиновски, како модел се појавува Имам Тотиќ, снимен е во студио во Скопје, а за стајлингот на Тамара како фам фатал се погрижи Игор Марков.

Поп-ѕвездата летово најави два спектакуларни солистички концерти под отворено небо, во Охрид и во Хераклеа, со почитување на сите мерки против Ковид-19. Концертот во Античкиот театар во Охрид е закажан за 27 јули од 22 часот. Концертот во Античкиот театар Хераклеа е закажан за 1 август од 21.30 часот.

Влезниците за двата концерти се пуштени во продажба.

 

Треба да знаете
Последни објави