Search

Пол Верховен ја демантира Шерон Стоун: Таа точно знаеше што правиме

Режисерот на „Ниски страсти“, Пол Верховен, негира дека ја измамил Шерон Стоун за фамозната сцена со прекрстување на нозете.

Верховен, и понатаму тврди дека Шерон Стоун апсолутно знаела дека секвенцата во која се гледа нејзината интима без долна облека ќе се појави во еротскиот трилер од 1992 година.

63-годишната актерка во своите мемоари, што ги објави на 30 март годинава, пишува дека ѝ било кажано дека публиката нема да види ништо и дека била измамена.

Според Шерон, Пол ѝ рекол на снимањето: „Само треба да ги тргнеш гаќичките, бидејќи белото ја рефлектира светлината, па затоа знаеме дека имаш гаќички.“

„Да, имаше многу дискусии на оваа тема, но бидејќи јас сум таа со вагината за која станува збор, дозволете ми да кажам: Другите гледишта се куп глупости,“ напиша таа.

А Холанѓанецот (82) во средата изјави дека неговата меморија е радикално различна од меморијата на Шерон и дека нејзината верзија на приказната е невозможна.

„Таа точно знаеше што правиме “, изјави Верховен за „Варајети “додека го промовираше својот нов филм Benedetta.

„Јас ѝ реков на Шерон дека идејата се заснова на приказна за жена што ја знаев кога бев студент и која редовно правеше вкрстување на нозете без гаќи на забави. Кога мојот пријател ќе и кажеше дека можеме да ја видиме нејзината вагина, таа велеше: Се разбира, затоа го правам тоа! Тогаш јас и Шарон решивме да направиме сличен кадар,“ рече режисерот во ново интервју за „Вараети“.

„Тоа не стои на патот и нема никаква врска со прекрасниот начин на кој таа ја портретираше Кетрин Трамел. Таа е апсолутно феноменална. Ние сè уште имаме добар меѓусебен однос и разменуваме СМС-пораки.“

Треба да знаете
Последни објави