Search

„Опел” го враќа името „Манта” во користење

„Опел” го оживува името „Манта”, т.е. ќе го користи за нивниот нов електричен автомобил којшто треба да се најде во продажба во средината на ова десетлетие.

Електричниот модел „Манта” ќе биде дел од преобразбата на „Опел” во бренд што произведува исклучиво електромобили. Шефот на „Опел”, Мајкл Лохшелер, го потврди враќањето на името на купето „Манта” во оптек.

Нема други официјални податоци. Гласините говорат дека новиот модел ќе биде радикално променет, иако можеби повторно доаѓа во облик на теренско купе.

Првата генерација на „Манта А” се појави 1970 година и стана ривал на моделот „Капри” на „Форд”, а се базираше на седанот „Аскона”. Подоцна „Мантата” беше заменета со „Калибра”.

Треба да знаете
Последни објави