Search

Мајкл Шин: Ме инспирираа Ричард Бартон и сер Ентони Хопкинс

Глумецот од Велс, Мајкл Шин, во разговор за „Дејли мирор”, изјави дека успехот на неговите сонародници Ричард Бартон и сер Ентони Хопкинс му покажал дека е можно да се стане холивудска ѕвезда, и покрај неговото „скромно потекло”. Велшкиот глумец им се заблагодари на своите постари колеги и за неговиот успех.

– Растејќи во Велс, особено во Порт Талбот, гласот за Ричард Бартон беше еден од најпрепознатливите за нашето детство, заедно со гласот на вашата мајка. Растете со него, како со митот за извонредниот човек – за легендата Ричард Бартон. Потоа доаѓа Ентони Хопкинс – човек кој го сметам за еден од најдобрите глумци на сите времиња. Да ги имате овие луѓе како примери во вашиот ум од толку мала возраст е од голема важност. Тие беа икони за мене, и не само затоа што беа велшки актери – тоа беа глумци родени во градот каде што пораснав. Многу е важно да видиш дека луѓето од исто потекло, го направиле она за што ти сонуваш. Стануваш самоуверен дека успехот е можен!, вели Шин.

Глумецот, всушност, e роден во Њупорт, Велс, Велика Британија, но израснал и се школувал во Порт Талбот. Во овој миг е акуелен со ТВ-сериите „Блудниот син” и „На сцената”.

Треба да знаете
Последни објави