Search

„Брзи и бесни 9“ постави рекорд на киноблагајните во САД и Сингапур

„Брзи и бесни 9“ ја заживуваат продажбата на билети во американските киноблагајни, со заработка од 70 милиони долари во првиот викенд. Ова е најголемото отворање во САД од „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ во 2019 година.

Филмот во кој играат Вин Дизел и Џон Сена е најголемиот изведувач во кино-индустријата во изминатите 18 месеци, со заработка од над 404 милиони долари во светски рамки.

Само во Сингапур, филмот заработи неверојатни 1,28 милиони долари во текот на четиридневното прикажување и покрај тоа што киносалите беа со ограничен број на гледачи – 50 по сала.

Деветтиот дел на една од најупешните филмски саги – „Брзи и бесни“ (Fast and Furious 9) беше одложуван неколку пати во САД и во Сингапур. И покрај долгото чекање, најновиот филм во кој има многу акција, брзи автомобили, интересен заплет и улични трки успеа да ги доведе фановите во киносалите.

Треба да знаете
Последни објави