Search

(Фото) Лидија Вукичевиќ искрено за новото момче: Италијанец е, 10 години помал, а еве што највеќе ми годи

Српската актерка Лидија Вукичевиќ (58) ужива во емотивниот однос со десет години помладиот сликар од Италија, а сега откри детали од нивниот емотивен однос и како на далечина функционира нивната врска.

-Се гледаме поретко. Сакам врска на далечина, никогаш нема да здосади, секогаш ви е убаво, си недостасувате еден на друг. И секогаш кога ќе се видите како да ви е прв пат. Кога цело време сте заедно многу работи се случуваат, на површина ќе излезе и нешто што можеби не сте сакале. Навиката ја убива љубовта. Кога партнерот ќе ми стане како брат, време е за одење, вели згодната актерка.

-Бидејќи и двајцатасме уметници, одлично се разбираме. За селење во Италија не размислувам, типчна жена сум за ова поднебје. Со години живеев во Холандија и Турцијаи разбрав деканајмногу ја сакам Србија, дека тука ми е најубаво.Можм да отпатувам, но се враќам бидејќи тука најдобро се чуствувам.

Инаку, Лидија неодамна опиша колку новиот партнер предизвикал промени во нејзиниот живот.

-Помладиот партнер ми внесе нова радост. Потребен ми беше некој сличен на мене, не верувам во тоа дека спротивностите се привлекуваат. Мене не ми треба смирување, туку партнер кој ќе ја следи мојата бранова должина. Кој и да се обидел да ме спушти на земја, самиот завршувал спуштен, мнгу пониско од мене, рекла неодамна Лидија.

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави