Махир Мулалиќ е победникот на 14-та сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Со над 136 000 гласови тој го освои првото место, а својата победа ја посвети на неговата покојна мајка која почина како од последици на коронавирусот.

Махир беше под менторство на Марија Шерифовиќ и заедно работеа на неговото усовршување. Тој од жирито добиваше разни коментари.

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ЈУТУБ

Во една прилика, пејачката Јелена Карлеуша распали по младиот пејач.

„Ти не си за шест гласа, па макар ја се превртам овде“, изјави Карлеуша пред 12 месеци, а Махир не остана должен, па и одговори:

ФОТО: ПРИНТКСРИН/ЈУТУБ/ БАЛКАН ТИК ТОК

„Превртете се веднаш“, a Kaрлеуша му одговори: „Бидејќи не доби шест, нема да се превртам, но ти ќе се превртуваш понатаму во натпреварувњето“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/ БАЛКАН ТИК ТОК

Како изгледаше тоа погледнете во видеото подолу.

Се преврте ли Карлеуша по победата на Махир?