Леди Гага откри дека забременила и имала нервен слом откако била силувана на 19 години

Леди Гага откри дека имала нервен слом по силување од кое останала бремена. Пејачката и актерка имала 19 години кога била силувана од музички продуцент, кој ѝ се заканил дека ќе ѝ ја уништи музиката ако не ги соблече алиштата.

Гага, чие вистинско име е Стефани Германота, го откри ова во првата епизода од серијалот за ментално здравје, што Опра Винфри и принцот Хари го прават за „Епл ТВ+“. Таа додава дека силувачот по извесно време бремена ја оставил на улица, кај куќата на нејзините родители, затоа што повраќала.

„Години подоцна, имав тотален нервен слом и бев во ултратешка параноична состојба како резултат на траумата“, вели Гага.

За време на интервјуто, таа плаче додека го опишува нападот, кој се случил на почетоците на нејзината музичка кариера. Триесет и петгодишната ѕвезда вели дека нема да го открие името на напаѓачот.

„Го разбирам #MeToo движењето, разбирам дека некои луѓе се чувствуваат удобно со тоа, но не и јас. Не сакам никогаш веќе да ја сретнам таа личност“, вели Гага.

Кажува дека ѝ биле потребни две и пол години да заздрави и многу лекарски прегледи и разговори и дека веќе не е истата личност.

Преземено од Сакам да кажам

Треба да знаете
Последни објави