(Видео) Ксенија од „Hurricane“ е ќерка на Кнез кој емотивно навиваше за девојките: Девојките го прославија влезот во евровизиското финале со шампањ подарок од пејачот

Претставничките на Србија на 65-тото издание на избор на песна за Евровизија се пласираа во големото финале, а тоа го прославија со ладен шампањ кој го добија на подарок директно од Белград, од таткото на една од девојките, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез.

Членките на групата „Hurricane“ се пласираа директно во евровизиското финалето, кое ќе се одржи во сабота во Ротердам.

 

По прогласувањето и нивниот пласман во финалната натпреварувачка вечер, девојките од групата Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ цело време вееја српски знамиња, скокајќи и извикувајќи „Ајде напред, Србија“.

На социјалните мрежи од партнерката на пејачот се појави видео од Кнез на кое се гледа како со многу емоции го следи настапот на „Hurricane“, а неговата ќерка Ксенија татковата радост ја сподели и со фановите на нејзиниот инстаграм – профил.

„Ураганките“ со својот настап го воодушевија Кнез, кој како што може да се види на видеото е многу среќен и горд на нив.

Штом ситуацијата и впечатоците малку се смирија, српските претставници го отворија омилениот шампањ на Ксенија, кој нејзиниот татко и пејач Ненад Кнежевиќ Кнез го испратил вчеравечер од Белград до Ротердам преку пријател…

Преземено од Слободен Печат

Треба да знаете
Последни објави