Search

Кој не би сакал да знае како изгледа домот на Новак Ѓоковиќ? Конечно фотографии од домот за кој искешира 6,7 милиони долари

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот си купи стан во Мајами за кој одвои 6,7 милиони долари. Луксузниот стан се наоѓа во зградата „Eighty Seven Park“.

Она што сите ќе ви воодушеви е погледот кон Атланскиот океан кој го има од самата зграда. Карактеристика за овие станови се високите тераси додека на приземјето има базен со огромен број на лежалки, кои се совршени за уживање на Ноле заедно со децата, пишува Машки магазин.

Цените на становите кои се продаваат во оваа зграда се движат од 2 милиона па се до 13 милиони, па затоа Ноле одлучил да не претерува и да не се истроши премногу, па овој стан со цена од 6.7 милиони долари го избрал како златна средина.

Веруваме дека овој луксуз максимално ќе ги исполни Новак, неговата сопуга Јелена и дечињата Стефан и Тара.

Треба да знаете
Последни објави