Search

Илина Арсова за „Скопско ехо“: „Ова Скопје денес не го препознавам, во него има сè помалку скопјани и обележја кои јас ги паметам“

Во интервју за „Скопско ехо“, алпинистката Илина Арсова зборувала за главниот град (воедно и нејзиниот роден град) и промените кои се случуваат во него во изминатите години.

На прашањето кои мисли ѝ слики ѝ се појавуваат кога ќе се спомене Скопје, таа вели:

„Кругче, коцка, Лондон паб, мирис на липа, библиотеките и кината кои редовно имавме навика да ги посетуваме… И, секако, Водно, многу почисто и позелено од денес, каде што беа моите почетоци во спортското планинарење“.

Арсова искрено признала дека ова Скопје денес не го препознава бидејќи во него има сè помалку скопјани и сè помалку од оние обележја кои таа ги памети.

„Да не ме сфатите погрешно, подеднакво ги почитувам луѓето од другите градови, но не и културата односно некултурата која ја носат со себе. Дојдовме до дереџе каде таксистите ги поставуваат сообраќајните норми, а камионџиите се газди на патиштата. Комуналниот работник кој треба да воведе чистота во градот, самиот гнаси и плука онаму каде што штокуку навидум исчистил. Полицајците кои треба да се пример, самите го кршат законот. И така со ред, се градат идолите на новите генерации кои некогаш биле спортисти, глумци и уметници, а денес се заменети со старлети, криминалци и политичари“…

 

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави