Зошто е важно за децата да консумираат леб?

На децата им е потребна здрава и балансирана исхрана која ја вклучува секоја група храна, за да добијат широк спектар хранливи материи кои би им помогнале во нивниот развој. Лебот и житарките се добар извор на хранливи влакна, јаглехидрати, протеини, како и витамини и минерали. Оваа група храна треба да претставува главен извор од кој децата добиваат енергија за целиот ден. Житните зрна се основен дел од здравата исхрана, обезбедувајќи хранливи материи за нормален раст и развој на детето.Јаглехидратите се разложуваат на едноставни шеќери кои потоа клетките на телото ги користат за енергија. Децата се постојано активни, се движат, играат, учат и им треба многу енергија во текот на целиот ден. Ограниченото внесување јаглехидрати ја ограничува и количината енергија што детето ја има во текот на денот.

окрај тоа, децата се во постојан процес на раст. Дури и кога мирува, детското тело расте и се развива, а тоа бара енергија. Мозокот користи глукоза (еден од едноставните шеќери) како единствен извор на енергија. Јаглехидратите што би ги добиле од лебот се потребни и да го одржуваат мозокот постојано подготвен. Ова е важно за сите деца, но особено за оние на училишна возраст кои посветуваат голем дел од денот на учење и треба да бидат сконцентрирани подолг временски период.

Заради големата потреба на детето од хранливи состојки се создаваат разни видови храна чиј состав е збогатен. На домашниот пазар од неодамна е достапен наменски направениот детски леб Тости, пченичен леб со вкус на путер и ванила. Веќе постојниот нутритивен состав на овој леб, Жито Лукс го збогати со калциум и витамин Д, кои придонесуваат за цврсти и здрави коски, како и железо кое помага за нормален когнитивен развој. Витаминот Д, исто така, го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем кај децата. Четири парчиња од Тости лебот за деца обезбедуваат над 30% од потребната дневна количина од овие елементи. Тости е наменет за деца којшто со својата хранлива вредност и состојки покрива голем дел од дневните потреби на дете.Секој родител се соочил со пребирливост кај своето дете кога станува збор за храна. Новиот пченичен леб од линијата лебови на парчиња е со вкус на путер и ванила, нешто што ретко кое дете би го одбило. Навистина одлична комбинација за вкусен оброк со хранливи материи, неопходни за нормален раст и развој кај децата.

Треба да знаете
Последни објави