Search

Кој од „Пријателите” заработил најмногу?

Хумористичната серија „Пријатели” се прослави низ целиот свет, па денес, впечатокот говори дека нема човек на ова поднебје кој не ги знае Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и женкарот Џои.

ТВ-серијата се прикажуваше 10 сезони и заврши пред 16 години, па многумина ги интересира – кој од шестмината глумци во главните улоги (Џенифер Анистон, Дејвиид Швимер, Кортни Кокс, Метју Пери, Лиза Кудроу и Мет ле Бланк), заработил најмногу? Во првата сезона, тие земале хонорар од 22.000 долари за една епизода, но веќе за втората, барале и настојувале на 100.000 долари во просек, а на крајот стигаат и до милион долари по епизода.

Освен тоа, серијата сѐ уште заработува од репризирањето, па глумците имаат право на по два насто и од тој колач.

Така, според ранг-листата, Мет (Џои) е шести – со заработени 80 милиони долари од серијата. Над него е Лиза (Фиби), со 90 милиони, а четврти е Дејвид (Рос) – 100 милиони долари.

Второто место го делат Кортни и Метју (Моника и Чендлер), со по 120 милиони долари.

На врвот е, можеби и најпознатата, или барем најзастапената во американскиот и светскиот печат изминативе скоро цели три десетлетија – Џенифер Анистон. Таа само од „Пријатели” заработила 300 милиони долари, што, според многумина, беше нејзината „отскочна даска” во повисоката филмска индустрија.

Специјалната епизода „Пријатели: Повторна средба”, според „ИМДБ” се снима, но сѐ уште нема официјален датум на прикажување. Претходните 10 сезони се достапни на стрим-платформата „Ејч-би-оу”.

Треба да знаете
Последни објави