Search

Првиот проект на принцот Хари и Меган за „Нетфликс“ ќе биде за игрите Инвиктус

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе ја проуцираат својата прва серија за „Нетфликс“ која ќе се фокусира на спортисти кои се натпреваруваат на Invictus Games, натпревар за повредени ветерани што треба да се одржи во Хаг во 2022 година.

Хари ќе се појави пред камера во документарната серија насловена Heart of Invictus и ќе биде извршен продуцент преку неговата „Арчивел продукции“,  „Нетфликс инк“ соопшти во вторникот.

Серијата ќе содржи приказни зад сцената на спортисти и организатори додека се подготвуваат за настанот, кој беше одложен до следната пролет поради пандемијата на Ковид-19, соопшти Нетфликс.

„Инвиктус гејмс“ е меѓународен спортски натпревар за воен персонал ранет во акција. Натпреварот беше создаден во 2017 година од принцот Хари, кој служеше како војник во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави