Search

Малта прв фаворит на Евровизија

Нешто помалку од 40 дена останаа од почетокот на Евровизија, а обложувањето за победниците одамна започна.

Британската „Smarkets“, обложувалница која е позната по одличните предвидувања на резултатите (меѓу останатите, и претседателските избори), судејќи според обложувањата, предвидува дека овогодишен победник на Евровизија ќе биде пејачката од Малта, Дестини, давајќи и уште сега 17 проценти шанси.

На претставничката од Малта победа и предвидуваат и други обложувалници, па така таа е на врвот откако нејзината песна „Je Me Casee“ беше објавена на Јутјуб.

Малта како победник ја гледаат и во анкетите, па така на „Wiwibloggs“ Малта веќе со денови е на самиот врв од листата според добиените гласови.

Малта оваа година ја претставува малтешко-нигериската пејачка Дестини Чукунуера, која има само 18 години. Дестини пее на англиски јазик, а според краткиот сленг на француски песната го добила и своето име. Дестини веќе има победено на Евровизија, но на детската во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави