Search

ЈАВНО КАЖА ДЕКА ГО МАМЕЛА СОПРУГОТ: По 20 години брак, призна дека ја привлекуваат жени!

Актерката Џејда Пинкет Смит (49) и нејзината ќерка Вилоу (20) признаа дека претходно ги привлекувале жени. Тие објавија сè во специјална емисија на Фејсбук, чија водителка беше мајката на Џејда – Адријана Банфилд-Норис (67).

Џејда денес е во брак со актерот Вил Смит и во едно интервју изјави дека сексуално ја привлекуваат жени, но врските со жените никогаш не биле за неа.

„Обожавам да сум опкружена со жени, но никогаш не би можела да се поврзам со нив во романтична смисла. Сепак, никогаш не знаеш. Двапати досега ме привлекувале жени во сексуална смисла, и тоа беше прилично рано, кога имав околу 20 години“, рече актерката.

Потоа се надоврза нејзината ќерка Вилоу.

„Се сеќавам дека во неколку наврати размислував колку убави се некои девојки. Никогаш не сум била заљубена во девојка, но не ја исклучувам можноста тоа да се случи затоа што тие многу ме привлекуваа порано”, заклучи 20-годишната Вилоу…

 

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави