Search

Васил Хаџиманов: Татко ми Зафир ќе го испратиме со песна и насмевка кога ќе помине пандемијата

Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград. Неговиот син, нашиот истакнат музичар Васил Хаџиманов, денеска ги соопшти деталите за погребот.

-Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на на сите за многубројните пораки на поддршка и разбирање, напиша Васил на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави