Search

Хју Грант раскажа за скандалот со проститутка по повеќе од две децении

26 години по секс-скандалот што беше ударна вест на светските шоубиз медиуми, британскиот актер раскажа зошто ја изневери тогашната партнерка Лиз Харли со проститутка.

Хју Грант вели дека сексуалниот чин во јуни 1995 година се случил затоа што тој „не бил во добро расположение“ во врска со неговиот талент за глума.

Грант беше уапсен заедно со Дивајн (вистинско име Естела Томсон) пред повеќе од две децении поради вулгарно однесување во неговиот автомобил паркиран на булеварот „Сансет“ во Лос Анџелес.

Хју сега се отвори за редоследот на настани што доведоа до неславниот инцидент, признавајќи дека неговата одлука била мотивирана од тоа што бил згрозен од својата глума во филмот „Девет месеци“ (Nine Months),
кој требало да се појави наскоро.

Откако присуствувал на проекција на комедијата и се разочарал од она што го видел на екранот, британскиот актер решил да ја удави својата тага, и тоа на крај довело до негова врска со Дивајн.

Говорејќи на WTF во подкастот на Марк Марон, тој рече: „Требаше да го гледам мојот прв холивудски филм  – тајмингот беше беспрекорен.“

„Но, имав проблем – тоа беше мојот прв холивудски филм и отидов да го гледам на проекција. Филмот требаше да излезе за околу недела или две.“

„Сите во него беа брилијантни, но јас не бев, и тоа ми создаде лошо расположение. “Имав ручек со Кен Расел…и една работа доведе до друга… бев разочаран од себе.“

Како и да е, загриженоста на Хју за неговата изведба во филмот – во кој глумат и Џулијан Мур, Робин Вилијамс и Џеф Голдблум – се покажа како неоснована бидејќи беше успех на киноблагајните, со заработка од 138.5 милиони долари во светски рамки.

Во време на инцидентот, Хју беше во врска со Елизабет Харли, која остана со него низ искушението и таблоидната бура од вести. Тие на крајот се разделија пет години подоцна, иако останаа блиски пријатели до ден-денес.

 

Пред 26 години, шокантниот скандал беше ударна вест на светските шоубиз медиуми:  Актерот ѝ платил на проститутка за орален секс во автомобил. Откако беше уапсен, тој плати казна од 1.180 долари и беше принуден да учествува во програма за едукација за AIDS. Дивајн, која му пружи орално задоволство на актерот, беше осудена на 180 дена затвор. Таа, наводно, заработила 1 милион фунти од таа „реклама“, според некои медиуми.

Треба да знаете
Последни објави