Search

Онлајн петиција за повлекување на Гарванлиев од Евровизија, тој се извини ако повредил некого

Се засилува притисокот на јавноста Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на годинешното учество на земјава на Евровизија во Ротердам, Холандија.

Дел од јавноста прво имаше забелешки на видео- спотот на евровизиската песна „Here I stand“на кој многумина препознаа бугарско знаме, иако во спотот зелената, црвената и белата боја се поставени вертикално, додека на официјалното знаме на Бугарија тие се во хоризонтала. Од тие причини, беше отстранет кадарот каде што се гледа делото на Вангели. Многумина потоа му замерија на Гарванлиев и за бугарскиот пасош што го поседува.

Денеска беше објавена и онлајн петица насловена “СТОП за пробугарската пропаганда во Македонија“ на која за неполни три часа се потпишаа 2700 граѓани, кои бара Гарванлиев да не нè претставува на музичкиот натпревар.

„Се потпишувам на петицијата за забрана на учество на евровизија поради непочитување на Македонските национални обележја“ , „Овој пеач извршува државен напад врз мојата татковина Македонија“…. се само дел од реакциите на социјалните мрежи.

Од друга страна, пејачот денеска се огласи преку видео во кое објаснува како добил бугарски пасош, но и нагласува дека тоа не е забрането во нашата држава. Тој се извинува доколку повредил нечии чувства.

„Роден во Струмица 1984 година. Во 1997 година мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго каде што живеевме неколку години. Нѐ депортираа од Чикаго, и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина и за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе 20-ина година. Во нашата држава Македонија двојно државјанство е дозволено. Имам живеено 10 години во Торонто, 8 во Чикаго, 1 во Милано и 1 во Лондон, неколку со куфер патувајќи, имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува. За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше ’Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја, вели Гарванлиев.

Тој во видеото додава дека знае каква е одговорноста да бидеш претставник на „олимпијадата за пеење“ и оти едвај чека со душа да запее на евровизиската сцена и да вибрира во црвено-жолта боја.

Спотот тој го спомена и во денешното обраќање и се извини ако има повредено некого.

„Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и по грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот беше сменет. Интервјуто што циркулира викендов е дадено пред една година. Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, човештво, енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, се извинувам од сесрце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кои и да сте, простете ми“,
вели Гарванлиев.

Треба да знаете
Последни објави