Search

„GOATS“ ги обединува PUBG дуо тимовите во регионот: Пристигнува турнирот за најдобрите од најдобрите

За крај на март,  KUVO TV одлучи да ги израдува сите регионални обожаватели на една од најпознатите battle royale игри – PlayerUnknown’s BattleGrounds.

„GOATS“, турнирот со шеговито име, ќе ги обедини најдобрите PUBG дуо тимови во регионот за да се изборат за наградниот фонд од 500 ЕУР.

Пријавите се отворени од 8. до 18. mарт, за сите играчи на ex-yu кои се постари од 16 години.

Натпреварувањето ќе се состои од три натпреварувачки денови. Квалификациите се играат од 19. и 20. март, додека шампионскиот дуо ќе го добиеме на 21. март, кога во финалето ќе се состанат најдобрите 32 екипи од квалификациите.

Пријавите за натпреварувањето можете да ги пополните ОВДЕ, а преносот на вториот и третиот натпреварувачки ден ќе можете да го следите во живо преку KuvoTV YouTube i Twitch каналот со почеток во 18 часот.

Овој battle royale наслов секоја година ги соборува рекордите на посетеност и се наоѓа во самиот врв на омилените игри на гејмерите ширум планетата. Регионалниот гејминг проект KUVO TV до сега успешно организираше турнири во League of Legends, Fortnite, Valorant, а за PUBG GOATS се предвидува голем одзив.

 

 

Треба да знаете
Последни објави