Search

Ќе следи ли укинување на серијата “Ќерката на Амбасадорот“? Зошто Наре ја напушти серијата

Познатата серија „Ќерката на Амбасадорот“ која се емитува на Канал 5 ги освои симпатиите на публиката, но познатиот лик Наре неодамна откри дека ќе ја напушти серијата. Причината за заминувањето е наводно болест на актерката, и задолжителното мирување, но турските медиуми пишуваат дека актерката лажела па ги навела овие причини.

Наводно, актерката била видена на шопинг со внуците и изгледала многу добро. Потоа актерката неодамна се појави на насловната страница на шпанскиот магазин „Hola“ за кое даде интервју по повод емитувањето на турската серија во Шпанија. Со тоа, таа и стана прва Турчинка која се појави на насловна страница на овој магазин.

Таа била насмеана и расположена на снимањата, а тоа им даде повод на турските медиуми да пишуваат дека е лага дека Неслихан ја напушта „Ќерката на Амбасадорот“ поради здравствени проблеми.

Медиумите пишуваат дека актерката треба да престане да лаже и да признае дека серијата ја напушта поради кризата во бракот со сопругот Кадир Годула.

По нејзиното заминување, „Ќерката на Амбасадорот“ бележи пад на гледаност, а постои и можност наскоро да престане со емитување. На публиката не им се допаѓа новиот главен женски лик кој го игра актерката Туба Бујукустун и бараат да се врати Неслихан.

Преземено од Скопје24

Треба да знаете
Последни објави