Search

Џејмс Франко постигна спогодба со две жени во врска со обвинувањата за сексуално вознемирување

Актерот Џејмс Франко и неговите партнери во „Плејхаус вест студио 4“ – кое беше отворено во 2014 година и затворено три години подоцна – беа тужени од Сара Тајтор-Каплан и Тони Гал, кои тврдат дека обвинетите се занимавале со несоодветно, непримерно сексуално насилно однесување кон студентки со тоа што ја сексуализирале нивната моќ како учители и работодавачи со условување за улоги во нивни проекти. Но,  документите доставени до судот откриваат дека е направена спогодба.

Двете страни поднесоа заеднички статусен извештај до Врховниот суд во Лос Анџелес, кој открива дека и двете жени се откажале од своите индивидуални побарувања.

Ова доаѓа откако Џејмс поднесе приговор на тужбата.

Според судските документи, во писмениот приговор се наведува: „Иако непристојните наводи во тужбата направија храна за таблоидите, тие се исто така лажни, правно неосновани и донесени непрописно во форма на колективна тужба, главно за да се придобие што е можно повеќе публицитет.Овој судски процес е травестија на правдата и кулминација на една безвредна кампања која неправедно извалка тешко заработен углед на пристоен човек.“

Треба да знаете
Последни објави