Search

Загрепчани му ја исполнија желбата на Балашевиќ: Испишаа „беќарац“ на кирилица на Илица

Граѓаните на Загреб вечерва на централниот плоштад во Загреб се собраа да му одадат последна почест на Ѓорѓе Балашевиќ, кој попладнево почина од последиците на корона вирусот.

Како што кажуваат стиховите во песната посветена на Загреб- Стих на асфалту „ Да ми је још једаред прочи Илицом, па да бечарац нашврљам чирилицом…“, вечерва загрепчани му ја исполнија желбата.

На улицата Илица, која поминува низ срцето на Загреб напишаа „бечарац“, на кирилица, запалија свеќи и ги пеат неговите песни.

 

Треба да знаете
Последни објави