Search

9 години од смртта на музичката легенда: Најгледаното ТВ гостување во кое ги изнесе интригантните детали ќе остане впишано во историјата

Девет години од смртта на легендарната Витни Хјустон. Во продолжение прочитајте кратко резиме од работите кои го одбележаа нејзиниот живот.

Родена на 9 август 1963 година во Њу Џерси, Витни Хјустон потекнува од семејство кое што Америка се сметало за музичка елита.

Нејзината мајка Сиси била пратечки вокал на Елвис Присли и Арета Френклин.

Почетоци

Во 1978 година Витни имала само 15 години кога почнала да пее пратечки вокали на фанк ѕвездата Чакa Кан, и тоа за песната „I’m Every Woman“, а таа песна станала хит дури кога Витни ја препеала и истата се нашла во филмот „Телохранител“ од 1992 година.

Модел

Пред да се прослави како пејачка, Витни успешно се занимавала со манекенство. Била првата Афроамериканка која што се појавила во тинејџерскиот магазин „Seventeen“. Таа се фотографирала и за насловни страници на магазините „Glamour“, „Cosmopolitan“, а глумела и во многу реклами.

Деби

Нејзиниот прв албум „Витни Хјустон“ го издала во 1985 година, а истиот станал најпродаваниот деби албум кој некој музичар го објавил.

Награди

Витни била најнаградуваната музичка ѕвезда со над 400 признанија, од кои 6 Греми награди, 2 Еми награди и 30 Билборд награди. Влегла и во Гинисовата книга на рекорди како најтиражниот изведувач со над 200 милиони продадени песни ширум светот. Објавила 7 студиски албуми кои што биле продавани во дијамантски, платинести и златни тиражи.

 

„Премногу сум богата за да го пушам тоа“

Витни во 2012 година зборувала за употребата на наркотици во емисијата кај водителката Дајен Сојер, а ова интервју ќе остане запаметено и едно од најгледаните во историјата. „Како прво, нешто да разјасниме. Крекот е евтин. Јас премногу заработувам за да го користам“.

Исто така таа признала дека пуши марихуана, консумира кокаин и таблети, но и демантирала дека има пореметување во својата исхрана. Губењето на килограмите го препишала на уморот и употребата на недозволени супстанции…

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави