Search

Од келнер и продавач на пазар до познат актер: Иван Босиљчиќ откри дека работел за ситни пари

Популарниот српски актер Иван Босиљчиќ се присети на своите тинејџерски денови, и рече дека за време на средното училиште работел како келнер на крајбрежјето, а потоа и на пазарот во Белград.

– Работев како средношколец. Додека живеев во Ужице, отидов на море и работев како тинејџер во угостителство. Работев на плажа како келнер. Во Белград им помагав на кумовите кои се занимаваа со производство на печурки, се занимавав со продажба. Продавав на пазарот на Бајлони, и тоа искуство ми беше многу корисно – изјави актерот за „Блиц.рс“.

Потоа со насмевка откри за што ги потрошил првите заработени пари.

– Не се сеќавам, тоа беше толку мала сума пари што ги потрошив на сок – се присети Босиљчиќ.

Треба да знаете
Последни објави