Search

Хуманоста нема граници: Сузана Турунџиева му помогна и на братот на Атиџе

Сузана Турунџиева веќе некое време се дружи, ѝ помага и ја поддржува медената Атиџе Муратова. Хероината која минатата година ја прослави нашата земја во светот со своите пчели, а пред сѐ со нејзината изјава: „Пола за мене, пола за пчелите“.

Овој пат, Турунџиева помогнала на братот на Атиџе, Феим. Таа, заедно до медената и брат ѝ се фотографирани пред приватна ординација која му помогнала на братот на медената да си го врати видот, да може да живее нормално.

„- Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – беа зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата која денеска му ја направи др.Наум Трпеноски, при која повторно му го вклучи светлото и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен…
Огромна благодарност до др.Трпеноски и целиот тим на Промедика Офталмологија затоа што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“, напиша Сузана до објавата.

Преземено од Женски магазин

Треба да знаете
Последни објави