Search

Почина Селма од легендарата песна на „Бело Дугме“

Селма Бориќ, која беше опеана во рок баладата на легендарните „Бело Дугме“, почина на 92-годишна возраст. Оваа вест ја потврди и Жељко Бебек, пеачот кој ја испеа песната и долгогодишен пријател на Селма.

– Утрово нејзиното семејство ме извести, со оглед на тоа што не ја посетував долго време поради короната. За жал, староста ја однесе, но таа заспа во мир и нека почива во мир. Замина мојата Селма. И понатаму ќе продолжам да ѝ пеам и да ја спомнувам пред публиката, бидејќи песната го носи нејзиното име, а песната го опиша и делот од нејзиниот живот, убав дел од нејзиниот живот. Така со задоволство ќе се сеќаваме на неа, рече Бебек.

Треба да знаете
Последни објави