Контровезниот босански музичар Божо Вреќо, кој имавме можност пред две години да го видиме и слушаме и на одличниот Скопски концерт во “Македонската филхармонија“, не престанува Балканската јавност да ја остава без здив и со своите изјави, а не само со имиџот на прекрасна девојка/жена со густа мачо-брада:
–
-Јас и благодарам на мојата мајка што ми овозможи истовремено да можам да бидам и фраер и жена кога и да посакам. За тоа не морам никого да прашам дали смеам, не морам да побарам туѓо мислење или дозвола. Јас продолжувам да го живеам својот живот, а сите вие направете го подобар и интересен колку е тоа возможно вашиот живот, раскажал Божо и потоа ја открил тажната вистина за својата мила 74-годишната мајка Мила дека е болна од рак. Но истовремено открил и тоа дека имаше тежок живот, откако таткото му се самоубил.
Преземено од Вечер Прес