Search

Марта Стјуарт лансира производи со канабис за домашни миленичиња

Американската гуру за животен стил, Марта Стјуарт, во вторникот лансираше линија на маслени капки со канабис и меко печени десерти за кучиња, неколку месеци по успешната промоција на нејзините гумени бонбони и чоколада со канабидол (CBD) за луѓе, кои веднаш се најдоа во продавниците во САД.

ТВ-водителка, колумнистка и ѕвезда на емисијата за кулинартво и животен стил пред две години најави партнерство со компанијата Canopy Growth која се занимава со производство на марихуана и производи кои содржат канабис и канабидол (CBD).

Минатата година луѓето мораа да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид-19, а со цел да се намали стресот и вознемиреноста во текот на самоизолација, на пазарот се појавија десерти што содржат канабис. Гумените бонбони, чоколади и пијалоци беа меѓу најбараните производи со канабис.

CBD, непсихоактивно соединение што се добива главно од коноп, се истражува за разни медицински примени и се рекламира широко дека има релаксирачки својства, пишуват светските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави