Search

Амбасадата на САД организира панел дискусија на тема борба против корупција

По повод 9 декември, Меѓународниот ден за борба против корупција, Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД, денеска организира онлајн панел дискусија на тема, Обединети во борбата против корупцијата.   

Како што соопштија од американската амбасада, в.д. амбасадорот на САД, Џенифер Џ.Р. Литлџон, и постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак, ќе имаат свои обраќања на отворањето на настанот. 

На форумот ќе учествуваат вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заменикот постојан претставник на УНДП, Сања Бојаниќ, министерот за правда, Бојан Маричиќ, регионалниот советник за борба против корупција на УНОДЦ, Вирџинија де Абахо Маркес, директорот на Секторот за стратешки операции на Мрежата за истрага на финансиски криминал – ФинЦен при Министерство за финансии на САД, Аналу Тирол, и претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

– Учесниците ќе дискутираат за спречување на корупцијата во време на здравствена и економска криза, за зајакнување на напорите за подобра координација помеѓу институциите, за подигање на јавната свест, и за одговорноста на функционерите, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави