Search

Наполи одбил четири понуди од 25 милиони евра за Елмас

Наполи одбил понуди вредни 25 милиони од ;етири клуба, кои сакале да го ангажираат македонскиот бисе, Елиф Елмас, откри спортскиот директор на клубот, Кристијано Џинтоли

Откако синоќа се појави информацијата дека португалскиот гигант Бенфика за приоритет го ставил Елмас за засилување, „орлите“ не биле единствените што сакаат да го ангажираат македонскиот репрезентативец, туку понуди и тоа конкретни имало и од Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и англиски Лидс, каде член е македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски.

-Не разговараме со никого, ниту ќе има преговори. Елмас останува во Наполи. Можевме добро да заработиме после инвестицијата од 16 милиони евра после две години ‘амортизација’, имавме понуди од 25-26 милиони евра. Бенфика, Лидс, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд се клубовите што понудија за Елмас, вели Џинтоли за италијанските медиуми.

Елмас дојде во Наполи лани за 16 милиони евра плус бонуси од турски Фенербахче и веќе има 45 настапи за италијанскиот калчолигаш, а многу клубови се заинтересираа за него зашто може да игра на секоја позиција во средниот ред и тој има само 21 година и е голема иднина.

Треба да знаете
Последни објави