Search

Кина најави контрамерки за САД

Кина ќе преземе силни противмерки откако САД воведоа санкции поради „репресијата во Хонг Конг”. САД воведоа санкции против 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг изјави дека Пекинг бара повлекување на одлуката за санкции.

– Кина исто така ќе преземе контрамеркии поради најавата на САД да продадат дополнителен контингент оружје наТајван, истакна Хуа.

Треба да знаете
Последни објави