Search

Експлозии во два супермаркета во Холандија, сомнеж за терористички напад

Два супермаркета во Холандија се тешко оштетени во експлозии кои утрово одекнаа во градовите Алсмер и Хесвијк Динтер.

Во инцидентите нема повредени лица, а станарите кои живееле во зградите над продавниците се евакуирани и времено засолнети, пренесуваат холандските медиуми.

Полицијата засега не соопштува дали експлозиите во двата супермаркета се поврзани.

Градоначалникот на Алсмер, Гидо Ауде Коте изрази сомнеж дека станува збор за „терористичко дело“.

„Ова не се случува кај нас. Чудо е како никој не е повреден“, истакна Коте.

Тој додаде дека треба да се почекаат резултатите од истрагата, но и дека не би бил изненаден доколку двата случаја се поврзани.

Треба да знаете
Последни објави