Search

Шахпаска на онлајн трибина на Форум на жени на СДСМ: Мултидисцилинарниот пристап е вистинскиот пат за искоренување на насилството врз жените

Насилството врз жените и родово базирано насилство не познава ниту имотен, ниту општествен ни образовен статус, ниту вера, туку претставува негативна појава присутна секаде во светот, истакна членката на ЦО на СДСМ Јагода Шахпаска на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение”, што се одржува во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата.

Шахпаска се осврна на Законот против насилство врз жените и семејното насилство, кој се наоѓа во собраниска процедура и изрази надеж дека ќе биде поддржан и од позицијата и од опозициката.

Законското решение е наша обрска, но за некои жени претставува прашање на судбина, прашање на живот и затоа ве повикувам да се заокружи со изгласување на законот, потенцираше Шахпаска.

Во законот е предвидено брзо и ефикасно постапување на сите институции во институционален одговор на секаков обид за насилство, кое покрај фичичко може да биде психично, сексуално, принуда на абортус па и фемицид, рече Шахпаска.

Таа додаде дека законот предвидува судот во рок од 24 часа од насилството да донесе одлука за отстранување на строителот од дома од 10 до 30 дена, како и сет мерки и услуги за превремен престој за жените жртви на семејно, нивните деца, жртвите на  трговија на луѓе и сексулано насилство, каде ќе им биде обезбедена помош и поддршка.

Искоренувањето на оваа појава бара координаран настап од Министерството за труд и социјална политика, од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, но и со превентивни образовни програми на Министерството за образование за описменување на најмладата генррација за препознавање на насилството, како негативна појава, истакна Шахпаска.

Од сите нас зависи како ќе се спротивствиме на насилството, молкот не е решение, зборувањето, дигањето на гласот преземање мерки и мултидисцилинарен пристап е вистинскиот пат за искоренување на насилство врз жени, родово базирано и семејно насилство, порача членката на ЦО на СДСМ Јагода Шахпаска.

https://youtu.be/MmIvoETc6Ho
Треба да знаете
Последни објави