Search

Саутемптон со пресврт до победа кај Брајтон

Фудбалерите на Саутемптон триумфираа во вечерашното гостување кај Брајтон (2-1) во меч по кој во фудбалската јавност во Англија повторно има големи критики за ВАР-технологијата, поради досуден спорен пенал за гостинот.

Кајл Вокер-Питерс во 79. минута беше срушен на работ на казнениот простор, по што судијата по консултација со ВАР-собата покажа пенал, кој во гол го претвори Ингс, доволно за три бода. Претходно, домаќините дојдоа до предност во 26. минута, благодарение на пенал кој го реализира Грос, а изедначи Вестергард пред самиот крај на првиот дел, кога доби топка од Вард-Праус и го матира Рајан.

Треба да знаете
Последни објави