Search

Османи-Ашкензаи: Констатиран нагорен тренд во соработката на Северна Македонија и Израел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата  Израел Габи  Ашкенази, со кого разговараа за односите меѓу двете земји и за интензивирање на меѓусебната соработка.

-Непосреден повод за разговорот е дваесет и пет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел. Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес. Воедно, беше потенцирана и заложбата за  продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка, соопшти МНР.

Министрите Османи и Ашкенази разменија мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.

Треба да знаете
Последни објави