Search

Камионот со канабисот од Јосифово четири дена стоел на Кванташки, камионџијата лажно пријавил пукање во Арачиново

Камионот со два тона канабис неколку дена стоел на Кванташки пазар пред вечерва да биде запленет во Арачиново, дознава 24Инфо.

Како што дознаваме од извори на терен, не е точно дека било пукано во полицијата, ниту, пак, дека воопшто е пукано во селото.

Според неофицијални информации, камионот од Јосифово по кражбата на марихуаната бил паркиран на Кванташки. Полицијата имала сознанија каде е камионот, но се чекало кој ќе ја преземе.

Вечерва камионот тргнал од пазарот и се упатил во Арачиново, каде требало да биде истоварен. Тогаш интервенирала полицијата, a за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили.

Полицијата вршела претрес на сите возила кои влегувале и излегувале од Арачиново. При тоа биле пронајдени два “калашникови” кај две лица.

Информациите за престрелката, пак, произлегле од возачот на камионот, кој, пријавил дека во него било пукано од страна на полицијата.

Акцијата е во тек, а МВР утре ќе сподели детали колку лица и кој е уапсен во акцијата.

Треба да знаете
Последни објави