Search

Калеска Ванчева на трибина на Форум на жени: Отворено му се спротивставуваме на насилството врз жените и девојчињата

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение”, што се одржува во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата, истакна дека насилството продолжува да биде пречка за постигнување на еднаквост, развој, мир и исполнување на човековите права на жените.

Годинава Република Северна Македонија го обележува овој ден со навестување на промени, кои треба да ги донесе новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство, кој  овозможува сеопфатен пристап, интегриран мултидисциплинарен одговор, во справување со насилството врз жените и семејното насилство, рече Калеска-Ванчева

Таа истакна дека овој закон, кој е продолжение на заложбите на оваа влада, за справување со насилството врз жените, започнати со ратификација на Истанбулската конвенција во декември 2017 година, се наоѓа во собраниска процедура и парламентарното мнозинство ги вложува сите напори да биде донесен час поскоро, веројатно до крајот на годината.

Мора отворено да говориме за насилството и отворено да се спротивставиме, порача Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение”, во организација на форумот на жени на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави