Search

Врнежите ќе престанат во вечерните часови, наместа се очекува да наврнат над 25 литри

Во текот на целиот ден ќе биде врнежливо. На повеќе места се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен, а во јужните и источните делови од државата и над 25 литри на метар квадратен.

На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Синоптичарите најавуваат и слаб до умерен, а во источните делови на места засилен југоисточен ветер кој доцна попладне ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени. Според прогнозата на УХРМ, врнежите ќе престанат во вечерните часови, а најдолго ќе се задржат на североистокот.

Треба да знаете
Последни објави