Search

Црн ден за Романија: Починаа 134 лица, повеќе од 5.000 новоинфицирани

Во Романија во изминативе 24 часа починаа 134 лица (89 мажи и 45 жени) од последиците од инфекцијата со вирусот корона, објави Стратешката комуникациска група (ГЦС).
Според последните податоци на ГЦС, тестирани се 17.530 граѓани, а потврдени се нови 5231 случаи на Ковид-19. Во моментов во Романија има 95.644 активни случаи.

Досега се заразени 513.576 лица, а 405.612 оздравиле.
Од почетокот на пандемијата во Романија, 12.320 лица починаа како резултат на инфекција со вирусот корона. Вкупно, биле тестирани скоро 4,3 милиони граѓани.

Треба да знаете
Последни објави