Search

Ливерпул шампионски против „Волците“

Ливерпул убедливо со 4:0 го победи Вулверхемптон и тимот на Јирген Клоп стигна до 24 бодови по 11 одиграни меча, што е доволно да биде рамо до рамо со лидерот Тотенхем.

Резултатот го отвори Мохамед Салах во 24-та минута, а откако Ливерпул го преживеа ВАР шокот кога беше поништен досудениот пенал за гостите, следуваше вистинска рапсодија во вториот дел.

 

Вајналдум постигна еврогол во 58 минута, потоа прецизен беше и Матип, а на крајот Семедо си даде автогол за убедливо 4:0 на крајот за Ливерпул.

Со оваа победа, Ливерпул го продолжи перфектниот биланс на домашен терен и сега има шест победи во исто толку натпревари.

Треба да знаете
Последни објави