Search

Црн рекорд во Унгарија со починати 182 лица во еден ден од кронавирусот

Унгарија денеска пријави 182 нови смртни случаи од Ковид-19, што е убедливо најголемо дневно зголемување на смртните случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот во таа земја, додека 6.635 се новозаразени, покажуваат владините податоци.

Вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 5.324, додека бројот на заразени се искачи на 231.844.

Заклучно со вчера, Унгарија ја забележа петтата највисока стапка на смртност на 100.000 луѓе во период од две недели, врз основа на податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Владата на премиерот Виктор Орбан воведе делумно „заклучување“ пред три недели за да го забави ширењето на вирусот, вклучувајќи полициски час од 19 часот и затворање на средните училишта.

Основните училишта останаа отворени и покрај барањата на синдикатите на наставниците Владата да нареди итен зимски распуст.

Треба да знаете
Последни објави