Search

Здравковски: Се е залудно ако се откажеме од идентитетот, јазикот и историјата

Ние тука ќе бидеме до самиот крај, се додека не го решиме и ова прашање и се додека не го заштитиме македонскиот идентитет.  Пробаа да не прекрстуваат, мислеа дека само административно ќе им помине тој нивен договор од Нивици кога не направија коси црти. Меѓутоа се соочија со огромен отпор затоа што ние сме пиреј, каде што  еднаш ќе згази наша нога колку и да го сечат тоа стебло, семето останува и повторно ќе се роди.

Македонија ќе остане Македонија,  а тие што треба да направат, прво е да го повикаат Бојко Борисов, исто како Вили Брант, германскиот канцелар кој што на 7 декември 1970 година во Варшава се поклони пред споменикот на паднатите Полјаци кои што загинаа против фашистите.  Тоа треба да го направи и Бојко Борисов заедно со неговиот слуга Заев. Да дојдат на костурницата, да дојдат на сите алеи на великаните во Република Македонија, прво да се извинат за нивните злосторства, а потоа можеби и ќе најдеме некаков договор за понатамошно почитување и достоинствено разбирање. Вака ниту имаме договор ниту треба да помислиме да им простиме додека тие не побараат прошка. 7140 Евреи, меѓу кои има Велешани ги имаат депортирано во Треблинка, а сега ние треба да се правиме мутави и да го заборавиме сето тоа.  Не смееме да попуштиме бидејќи ова е последното нешто што ни остана да го одбраниме.

Доколку ние немаме идентитет и доколку немаме јазик, доколку немаме националност и национално чувство се ќе биде залудно.

Би сакал исто така да споменам нешто околу она фамозно интервју кое не крена сите на нозе. Тој муртинецот, предавникот, и оној кој што се ооднесува како на кванташки пазар во Струмица мисли така треба и државата да ни ја продава. Ете тој нас ни кажува дека тие нам ни биле пријатели, а ние треба добрососедски да ги прифатиме сите тие злосторства. Верувам дека и меѓу вас има луѓе кои што потекнуваат од семејства кои што се бореле во антифашистичкото движење  мораме прво самите достоинствено сето тоа да го прифатиме и да преминеме преку тоа, меѓуоа никако без нивно извинување.

Затоа би ве повикал и понатаму да идеме во се поголем број се додека тој тровецот со националните интереси не си замине од власт. Јас го разбирам кога вели дека Бугарите не се фашисти. Ако споредиме со системот во кој живееме тие навистина се меки. Овие се се фашисти што владеат со државата. Овие преку ноќ ни сменија се живо, и идентитет и јазик и се откажаа од малцинствата. Гледаме дека само мислат на својот џеб, а народот нека гладува и дополнително ќе му кажува дека требало дома да седи дека се ќе биде во ред. Нема да биде во ред, ниту некој се грижи за нас, ниту ние како Македонци имаме право да си го кажеме нашето мислење, немаме право ниту  нашето сонце со кое сме заранети да го истаккнуваме на јавни површини затоа што тие се избрусија. Немаме право како уставобранителите да запееме македонска химна затоа што ќе не прогласат за терористи и ќе не напикаат во затворите. Немаме право ниту да кажеме Македонија затоа што овие се фашисти. Повторно ќе повторам, во спроедба со тие Бугари во 1942, 1943 и 1944 година овие што владеат навистина се поголеми фашисти.

Затоа да излеземе масовно и да го испратиме муртинецот таму каде што му е местото.

Треба да знаете
Последни објави