Search

Кејт и Вилијам кријат од принцот Џорџ дека ќе стане крал

Трет во редот за круната, по 71-годишниот дедо принцот Чарлс и 38-годишниот татко принцот Вилијам, е малиот Џорџ, кој поради тоа уште на самиот почеток доби многу поголемо значење отколку неговата сестра Шарлота и братот Луис, кои се родени подоцна.

Токму поради тоа значење, но и одговорноста што ја носи титулата, од Џорџ со години се крие една голема тајна.

Авторката која се занимава со кралското семејство, Кетрин Мејер, за „Е! Њуз“ објасни дека сакајќи да го заштитат своето дете од притисокот на сите наследници на круната, Кејт и Вилијам сакаат да го одложат дознавањето на Џорџ дека еден ден ќе биде британски крал.

„Тие одлучија да го одложат моментот во кој ќе му кажат каква иднина го чека затоа што сакаат тој да има што е можно понормално растење и неоптоварено детство“, објасни Мејер.

Тој веќе сфатил дека не е „обично“ момче, но Кејт инсистира да порасне во нормално опкружување со цел да му овозможи детство какво што таа имала.

Треба да знаете
Последни објави