Search

Легендарниот Тозовац веќе никогаш нема да може да пее

Легендарниот српски пејач, Предраг Живковиќ Тозовац (84), кој лани во мај ги оперираше артериите на вратот, откри дека никогаш веќе нема да може да пее, бидејќи го изгубил гласот. По операцијата, тој не можел ни да зборува, но откако го повратил говорот, сфатил дека не може да пее.

За жал лекарите за време на операција ми ги упропастиле гласните жици. Во почетокот имав проблеми со говорот, но за среќа ми се врати. Сега зборувам нормално, но неможам да пеам. Сега можам само да потпевнувам, рекол пејачот и додава дека одбил да оди на операција на гласните жици.

Ми предложија интервенција на гласните жици, но бев скептичен. Се надевам дека со тек на време сами ќе се опорават. Да сум помлад неколку децении вероватно би пател што неможам да пеам, бидејќи музиката е мојот живот, раскажал Тозовац.

Човекот кој отпеал многу песни, истакнува дека би сакал повторно да земе микрофон, но додава дека после операција продолжил да живее како да му се 20 години – излегува по кафани и полн е со енергија.

Се надевам дека гласот ќе ми се врати. Кога би ја немал таа надеж би умрел, рекол Предраг Живковиќ Тозовац.

Треба да знаете
Последни објави